Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ: Лукаревска не ја говори вистината – СДСМ вели ДПМНЕ лаже и се заплеткува во сопствените ,,гачки”

/

Македонија

Сподели преку :

ВМРО – ДПМНЕ и денеска продолжува со објавување на документи за кои тврди дека говорат за „испумпани“ милионски суми преку поврат на ДДВ.

– Лукаревска не ја говори вистината дека спречила злоупотреби преку поврат на ДДВ.  чера презентиравме дека УЈП на фирмата АКТИКО, потоа продадена со сменето име ОКИТНА искористила поврат од 11 милиони евра, а потоа УЈП открива дека воопшто нема деловни книги до коишто може да дојде, а лицето газда на фирмата воопшто не постои! И за тоа има документи од УЈП во самото УЈП. За Лукаревска, ОКИТНА не е фирма за нафтени деривати, туку со дејност Трговија на големо со текстил и тоа го пишува во документ токму од УЈП. Второ ОКИТНА не должи неплатен данок, туку напросто кажано УЈП си ги бара парите назад затоа што УЈП овозможило поврат на ДДВ преку криминален начин, велат од партијата.

Одговор пратија од СДСМ велат ДПМНЕ и Стоилковски лажат и се заплеткуваат во сопствените „гачки“.

– Фатени како изнесуваат невистини, дека износот од 22 милиони евра кој го споменуваа вчера е објавен во листа на должници и преставува даночен долг, а не поврат, денеска ја сменија плочата со нови гачки. Значи УЈП ниту вратила поврат, ниту дозволила незаконски постапки. Дополнитрлно, кај сите посочени даночни обврзници, се извршени контроли од страна на УЈП и постапено е по закон. Стоилковски и ДПМНЕ наместо да излегуваат со гачки и да ги лажат граѓаните, треба да посетат предавања за тоа што значат одредбите, што се должници, а што поврат на ДДВ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Jumbo 2