Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВЛЕН: „Недемократската унија за дезинтеграција“ ита кон рушење на Охридскиот договор

/

Македонија

Сподели преку :

Шемата на Али Ахмети е пробиена. Гајле нема ни за правата на Албанците, ни за Охридскиот договор, а уште помалку за правичната застапеност, која, патем, имаше цели 25 години да ја претвори во законска гаранција, реагираат од ВЛЕН.

Според партијата вечните фотелјаши од Мала Речица имаат само една цел во глава. Да блокираат сè што е во корист на Албанците, а со таквата политика да ѝ одат нарака на македонската десница и да ја обезвреднуваат албанската политика. Партијата што цели 25 години не мрдна со прст правичната застапеност да ја заштити со закон, денес го блокира токму законот што ја претвора од партиска алатка во законска обврска. Тоа не е грижа за Албанците. Тоа е страв дека помина времето кога работните места ги делеа со партиски тефтерчиња и ги продаваа за 5.000 евра.

Раководството на ДУИ го нарекуваат корумпираното и изолирано, „со пола функционери на црните листи, сака да создаде лажна слика дека албанските права се загрозени само затоа што тие не се дел од Владата“, соопштуваат од ВЛЕН.

 

Jumbo 2