Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВЛЕН: Али Ахмети им ја должи вистината на Албанците за Охридскиот договор

/

Македонија

Сподели преку :

Бесар Дурмиши од ВЛЕН обвини дека повеќе од две децении на Албанците им била презентирана само едната страна од Охридскиот рамковен договор и побара одговори од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за компромисите направени во 2001 година.

„Има вистини што болат, но мора да бидат кажани“, порача Дурмиши, повикувајќи се на неодамнешни изјави на Гзим Острени, еден од клучните актери во настаните од 2001 година.

Според Дурмиши, Острени јавно посочил дека, додека Али Ахмети ја водел политичката страна на процесот, албанскиот јазик не бил внесен во Уставот под своето име, туку е опфатен преку формулацијата за „јазик што го зборува заедница која сочинува повеќе од 20 проценти од населението“.

„Уште потешко е што самиот Острени мислел дека станува збор за албанскиот јазик. Дури многу години подоцна сфатил дека во Уставот не пишува ‘албански јазик’, туку ‘јазик што го зборува заедница која сочинува повеќе од 20 проценти од населението’“, вели Дурмиши.

Од ВЛЕН велат дека Ахмети со години ја претставувал сопствената верзија на Охридскиот договор како политичко наследство на ДУИ.

„Секогаш кога ДУИ ќе беше притисната поради корупција, неуспеси или политички пазарења на штета на Албанците, Али Ахмети излегуваше пред нив повикувајќи се на Охридскиот договор. Го користеше како штит за сè што направи, но и за многу работи што не ги направи“, тврди Дурмиши.

Тој нагласува дека Охридскиот договор не треба да се третира како сопственост на една политичка партија или политичар.

„Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, ниту лична сопственост на Али Ахмети. Тој е резултат на жртвата на еден цел народ“, поради

 

 

Jumbo 2