Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од Охрид, еднаквоста станува закон, развојот зема замав, европскиот пат се зајакнува

/

Македонија

Сподели преку :

Во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот Рамковен договор, ВЛЕН, како дел од Владата, организираше низа панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата.

На овие активности учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, и министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, испраќајќи порака дека Охридскиот договор не е само историја, туку одговорност за сегашноста и иднината.

– 25 години подоцна, принципите на Охридскиот договор се преточуваат во закони, институции и конкретни инвестиции. Правичната и соодветната застапеност се институционализира преку закон, додека децентрализацијата се проследува со поправедно финансирање и инвестиции во албанските општини. Над 250 милиони евра се насочени кон локални проекти, додека инвестициите во Коридорот VIII и автопатот Скопје–Блаце ја поврзуваат земјата посилно со Косово, Албанија и Европа, се вели меѓудругото во соопштението на ВЛЕН.

Jumbo 2