Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинува СДСМ – Двапати го сменивте знамети, возврати ВМРО – ДПМНЕ

/

Македонија

Сподели преку :

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, соопштуваат од СДСМ.

Според опозицијата ова е срамно и понижувачки. „Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Ги нарекуваат тендер патриоти, кои со ова го покажале своето лице. Опозицијата бара Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже: Која компанија била ангажирана? Kој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет? Колку пари се потрошени? Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

  • „На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци“, им одговараат на СДСМ од владеачката ВМРО – ДПМНЕ.

Ги нарекуваат талогот на општеството и партијата којашто два пати го менуваше знамето. Потоа велат дека тоа е партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција – икако таква нема кредибилитет да говори за понижување.

Jumbo 2