Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата прикажува стотици милиони денари за капитални инвестиции во здравството без покритие, обвини ДУИ

/

Македонија

Сподели преку :

Владата прикажува стотици милиони денари за капитални инвестиции во здравството, без покритие, обвинија денеска од ДУИ.

Според опозициската партија, со ребалансот на буџетот во програмата за доградба и реконструкција на објектите на јавните здравствени установи предвидени се 300 милиони денари кои ќе треба да ги обезбеди самото Министерство за здравство кое, пак, на годишно ниво на сметката за самофинансирачки активности остварува приходи од три до пет милиони денари.

Интегративците притоа ја обвинија власта дека додека промовира големи капитални инвестиции во задравството, истовремено ги крати парите за превентивните програми во здравството.

Jumbo 2