Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

/

Македонија

Сподели преку :

Вкупно 352 бугарски државјани гласале на седумте избирачки места што беа отворени на територијата на Македонија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија, а најголем број гласови освоила кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев, соопшти бугарската Цнетрална изборна комисија.

Избирачки места беа отворени во Скопје, во Битола, во Охрид, во Струмица, во Кавадарци, во Кочани и во Прилеп.

Претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев освои 40,7 отсто од гласовите, Андреј Ѓуров и Георги Кандев се на второто место со 25,6 отсто од гласовите, додека Костадин Костадинов и Петар Волгин освоија 14,5 отсто.

Идниот претседател и потпретседател на Бугарија ќе бидат познати по вториот круг на 1 ноември, а бугарските граѓани ќе избираат меѓу претседателските двојки Јотова – Влчев и Ѓуров – Кандев.

Според обработените 95,29 отсто од записниците на национално ниво, двојката Јотова-Влчев има освоено 34,60 отсто од гласовите, додека двојката Ѓуров-Кандев има освоено 32,04 отсто.

Jumbo 2