Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Виш обвинител од Битола осомничен за примање поткуп – ургирал за пониски казни во најмалку четири предмети

/

Македонија

Сподели преку :

Во најмалку четири кривични предмети ургирал за пониски казни или поповолна позиција за осомничени и обвинети.

Виш јавен обвинител од Битола е осомничен дека примил награда  за противзаконско влијание.

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција отвори постапка против него, откако со повеќе дејствија и посебни истражни мерки се  обезбедени докази.

  • „Обезбедените докази упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка“, соопштуваат од ЈОРМ.

Вчера, со судска наредба, беа извршени претреси во неговиот дом и во службените простории на Вишото јавно обвинителство во Битола, со цел да се обезбедат дополнителни докази.

За обвинителот не е побаран притвор. До судијата на претходна постапка е доставен предлог за мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности.

До завршување на постапката, обвинителот е оддалечен од работното место.

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

Jumbo 2