Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Жената со поршето е идентификувана – ќе плати казна и за паркирањето и за фрлањето ѓубре во Лепенец

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата ја идентификува и казни жената која беше снимена како фрла ѓубре од мост во реката Лепенец.
На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се гледа како 38-годишната М.И.Б го паркира  патничкото моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, излегува од него, фрла отпадоци во реката по што го напушта местото.

На социјалните мрежи потегот на жената наиде на критики и осуда.

Кратко време по објавување на видео снимката утврден е идентитетот на жената и таа е повикана во полициската станица.

По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента, соопштија од полицијата.

Jumbo 2