Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Судење „Пулс“ – Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека?, прашуваат родителите на загинатите деца

/

Македонија

Сподели преку :

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Предметот се наоѓа во доказна постапка, а денеска треба да започне изведувањето на доказите предложени од одбраната.

Пред денешното рочиште со став се огласија родителите на загинатите деца…

  • Од 1 октомври одбраната започнува со своите сведоци и вештаци. Јавно прашуваме: кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно? Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале. Тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата — кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно. Нека носат сведоци и нека одолжуваат. Но со сведочење нема да направат пренамена, со вештачење нема да создадат паркинг, а со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да ја претворат во дозвола за дискотека. Се обидуваат да го бранат неодбранливото. Правдата можат да ја одолжуваат. Вистината — не!, рече Наунов.

На досегашните рочишта обвинителството изведе 1.390 материјални докази, а беа сослушани 45 сведоци и пет вешта лица.

Одбраната има предложено 244 сведоци, со што доказната постапка продолжува со изведување на нивните докази.

Меѓувреме, на 3 октомври истекува притворот на првообвинетиот Дејан Јованов- Деко.

Неговата одбрана најави дека ќе понуди гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра.

За предметот, кој го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Б.С.

Jumbo 2