Свлечиштето во Липково продолжува неконтролирано да се шири, дел од жителите се евакуирани.
Како што објавува ТВ21, дека иако е формиран кризен штаб за утврдување на причините за свлечиштето, жителите инсистираат институциите итно да преземат мерки за запирање на ерозијата на ридот, пред да дојде до поголема катастрофа.
Од Општина Липково информираат дека се чека пристигнување на експерти од Сеизмолошката опсерваторија, кои треба да го утврдат типот на карпата и можните ризици поврзани со подземните води. Од таму додаваат дека погоденото подрачје никогаш не било предвидено за градба, што дополнително ја усложнува состојбата.
Инспекцискиот извештај од 2 декември на Геолошкиот институт покажува дека по многу години повторно се активирала фосилна карпеста плоча, при што се појавиле пукнатини широки од 20 сантиметри до 1 метар, длабоки 4–5 метри и долги 100–150 метри.
Во документот се наведува дека активирањето на пукнатината е поттикнато од неодамнешните обилни врнежи, што сериозно ја нарушува стабилноста на теренот.
Институтот препорачува изведба на каскадна ерозија, отворање три геолошки дупки за утврдување на типот и количината на лизганата карпа, како и преземање итни мерки за стабилизација и санација на подрачјето.

Четири куќи во тетовското планинско село Шипковица се наоѓаат во опасност од уривање по интензивната ерозија на земјиштето што се случи ноќта меѓу средата и четвртокот по повеќедневните интензвни врнежи од дожд. Локалните жители алармираат за состојбата и бараат да се направат потпорни ѕидови како што има на неколку места низ селото. Оваа ерозија на… Продолжи со читање
Б.С.













