Владата најавува пресметка со корумпирани судии и обвинители по изборите. Премиерот Христијан Мицкоски најави разобликување на судии и обвинители кои, според него, не ја заслужуваат својата плата и се генератори на корупција.
Според него, реформите во правосудството не се суштински, туку се сведуваат на зголемување на буџетите и платите, а Владата ќе бара начини за справување со неправдата и одговорноста.

Иако веќе има законски одредби кои опредлеуваат дека правосудството треба да добива определен процент од буџетот досега добиваат половина од тие средства. Државата веќе се има обврзано дека тоа е буџетот, не што го заслужуваат туку што е неопходен за оптимално функционеирање на судскиот систем, смета Дарко Аврамовски, претседател на коалицијата за правично судење. Продолжи со читање













