Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Кавадаречката депонија сè уште гори – пожарникарите се обидуваат целосно да го локализираат огнот

/

Македонија

Сподели преку :

Кавадаречката депонија се уште гори, ППР од Кавадарци и екипите на Дирекцијата за заштита и спасување се обидуваат целосно да го локализираат огнот.

  • „Пожарникарите цело попладне истураат тони вода врз опожарената површина. За поголем ефект, ангажирани се и два БТР-а на ДЗС, чии водени топови со домет од околу 100 метри континуирано делуваат врз жариштето. Иако пожарот е делумно изгаснат, во внатрешноста на депонијата сè уште има спречено сагорување од кое се создава чад. Бидејќи гаснењето само со вода не ги дава посакуваните резултати, започнат е процес на постепено затрупување на депонијата со земја“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Заштитени се околните лозови насади, а ветерот во моментов го дува чадот во спротивна насока од Кавадарци.

Jumbo 2