Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Возел „Ролс Ројс“ со 194 км./ч. на автопатот Гостивар – Тетово – го пресретнала мобилна единица на МВР

/

Македонија

Сподели преку :

Возач, кој управувал „Ролс Ројс“ со брзина од 194 км./ч., бил пресретнат од мобилната единица на Министерството за внатрешни работи (МВР) на автопатот Гостивар – Тетово.

„Денеска (23.10.2026) во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час“, објави МВР на Фејсбук.

Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон, информира МВР.
С.Д.
Jumbo 2