Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Вее албанско знаме среде улица во Нерези и стопира возила, полицијата го казни

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата го пронајде и казни лицето кое во текот на вчерашниот ден го паркира своето возило на сред улица и вееше знаме при што го отежнуваше сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје.

Според информациите на МВР, денеска во полициска станица е повикано лицето Ш.А., сопственик на „форд“ со скопски регистарски ознаки, поради настан од вчера, кога со наведеното возило го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје.

Настанот беше објавен и на социјалните мрежи. На видеото се гледа како човек вее знаме среде улица, додека автомобилот му е паркиран на патот.

„Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето“, велат од МВР.

Jumbo 2