Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) „Со напади врз вештаците не се бришат документите“ – порачаа родителите на жртвите од „Пулс“

/

Македонија

Сподели преку :

Со прашања на одбраната за вештачењето на Градежниот факултет, продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Професорот, Горан Марковски уште еднаш ги образложуваше наодите на вештачењето кои покажале дека дискотеката не ги задоволувала ниту стандардите, ниту регулативата и процедурите.

Родителите на жртвите порачаа дека градежното вештачење е јасно, прецизно и аргументирано и отвора прашања од кои повеќе не смее да се бега, кој бил надлежен и должен да постапи и зошто тоа не го сторил.

„За нас, родителите и семејствата на починатите деца особено е важно што вештачењето не се задржува само на состојбата на објектот, туку ги посочува и пропустите кај надлежните органи, оние кои имале законски надлежности и обврски да постапат. Токму тука е суштината, одбраната се обидува да го оспори вештачењето, но со напади врз вештаците не се бришат документите, фактите и утврдените пропусти“, изјави Александар Наунов, родител на жртва од пожарот во „Пулс“.

 

Jumbo 2