Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пронајдени и одземени околу 230.000 евра – двајца косовски државјани лишени од слобода под сомнение за фалсификување на пари

/

Македонија

Сподели преку :

Двајца државјани на Косово на возраст од 30, односно 44 години се лишени од слобода под сомнение за фалсификување на пари. При полициски преглед на нивното возило се пронајдени околу 230.000 евра.

„На 03.08.2026 во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, се лишени од слобода Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило „голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти) со вкупна вредност од околу 230.000 евра. Пронајдените пари се одземени, а лицата се спроведени во Полициска станица Центар за понатамошна постапка“, се наведува во објавата на налогот на МВР на Фејсбук.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Jumbo 2