Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, ниту од стратешката цел – да бидеме дел од ЕУ

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот што се одржува во Свети Стефан, Црна Гора, на кој се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.

Тој подвлече дека треба време и оти „нема да отстапиме од борбата којашто се однесува за македонските национални интереси, но исто така и нема да отстапиме од нашата цел стратегиска, а да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме“.

  • И за таа цел и за да ја видиме вистинската намера и цел на сите стејкхолдери во процесот, ние велиме добро, предуслов за се, дури и утре да се случи промена на Уставот е, ајде најпрвин да го договориме Акцискиот план за малцинствата, во којшто 26 земји членки јасно велат дека немаме проблем, една земја членка вели дека имаме проблем. Ајде ние со таа земја членка да седнеме и да договориме да видиме да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како влада да го испорачаме, бидејќи овој документ, Акцискиот план за малцинства е документ којшто е предуслов за да продолжиме во процесот на преговори – нагласи Мицкоски.

Премиерот ги отфрли тезите на опозицијата што се однесуваат на оваа област.

  • Ги отфрлам сите оние тези од опозицијата, добро тие не се сега власт, ние сме, да точно, ама кога бевте власт толку ја ограбивте, ја пониживте државата што ние во овие 24-5 месеци не можеме сето тоа да го повратиме. Да повраќаме, дел од тоа повраќаме, се бориме, жилови сме, упорни сме и ќе продолжиме да се бориме. Но се она што тие го распродадоа и испокрадоа и уништија, ние за жал за овие 24-5 месеци не можеме, но она кое што за нас е цел, а тоа е кое што го повторувам јас многу пати во моите изјави до сега е дека денес Македонија е многу подобра место за живеење од тоа што беше при три години и тоа во услови на епска светска криза кога голем дел од државите во светот се борат за да преживеат, рече Мицкоски.
Jumbo 2