„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше во ѕидот“, вака таткото на судијата Ѓоко Ристов сведочеше за скриените пари, пронајдени во семејната куќа во Неготино.
Пред судот тврдеше дека станува збор за нивна животна заштеда од повеќедецениска земјоделска работа. Тврдеше дека неговите деца не знаеле за скриените пари.













