Шест луѓе се приведени, а едно е повикано на разговор, од страна на полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција.

- Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е пронајден и одземен еден гасен пиштол. Во исто време е извршен претрес и кај И.Б.(25) од с.Добридол.
- Во 18:15 часот е извршен претрес во домот на Б.А. во с. Добридол, при што се пронајдени 30 куршуми за гасен пиштол, додека во дворот се пронајдени 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје. Од слобода се лишени Б.А. (46) и неговиот син М.А. (21) од с.Добридол.
- Во 18:25 часот извршен е претрес кај Т.М.(26) од с.Добридол, при што се пронајдени и одземени еден пиштол со осум куршуми, една ловна пушка со седум куршуми и еден гасен пиштол, по што тој е лишен од слобода, а С.М. е повикан на службен разговор, информираат од МВР.


Сите лица се приведени во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.













