Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вицепремиерот Николовски очекува Обвинителството да се позанимава со Сашо Мијалков

/

Македонија

Сподели преку :

Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николовски очекува Обвинителството да се позанимава со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Овие свои очекувања, тој ги изнесе на панел диксусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“.

Во своето обраќање, тој говореше за периодот додека беа во опозиција и скептизмот со кој се соочувале. Обраќајќи му се на официјалниот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун, кому му завршува мандатот во Македонија, вицепремиерот Николоски рече дека заедно работеле кога многумина ги потценувале и не им верувале „вклучувајќи го и газдата на овој хотел со кој имавме борби“ – рече Николовски.

По ова се надоврза и рече дека очекува Обвинителството да се позанимава со Мијалков.

 

Jumbo 2