Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре и задутре авионска дезинсекција против комарци во Скопје – од 23 до 26 август ќе се прска на земја од 22 часот до 3 часот по полноќ

/

Македонија

Сподели преку :

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот.

Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, стои во соопштението.

Jumbo 2