Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставниот суд утврди повреда на слободите и правата на новинарка сторени од Основниот граѓански суд Скопје и од Апелациониот суд Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Откако не применил одлука на Уставниот суд, Судот ги известил Обвинителството и судскиот совет дека судија во скопскиот Граѓански суд не ја почитувал одлуката. Случајот се однесува на 27-ми април и загрозување на новинарските слободи и права при упадот во Собранието. Новинарка чие право било нарушено и била загрозена при известувањето, не беше заштитена од државните органи и два суда ги одбиле нејзината тужба. Но била поднесена претставака до Уставниот суд.

  • Уставниот суд на 24 септември 2025 година утврди повреда на слободите и правата  коишто се однесуваат на слободата на јавно изразување на мислата на Наташа Стојановска сторени со две пресуди (една од Основниот граѓански суд Скопје и втора од Апелациониот суд Скопје) и го уважи барањето на подносителката, соопшти Уставниот суд.

Но, судијата во случајот не ја применил одлуката на Уставниот суд- толкувајќи дека тоа не е нов факт или доказ.

  • Уставниот суд утврди дека првостепениот (Основниот граѓански) суд се повикал на одредбите од Законот за парничната постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ, но пропуштил да ги земе предвид уставно утврдените правни карактеристики и правно дејство на одлуките на Уставниот суд, односно нивната конечност, извршност и општа задолжителност,  со што во суштина не ја извршил Одлуката на Уставниот суд, соопшти Уставниот суд.

Судот наведува и дека претходно Граѓанскиот суд ги почитувал и применувал одлуките на Уставниот суд, а во случајот требало Уставот целосно да се гледа за да се заштитат правата на слободно изразување. Поради тоа, Уставниот суд ги известува и Судскиот Совет и Обвинителството за да отворат постапки против судијата. Уставниот суд за првпат го примени  новиот механизам за извршување на одлуките. И за адвокатот во предметот, одлуката е значајна.

  • Оваа одлука е исклучително битна, бидејќи за прв пат Уставниот суд го користи правниот механизам за извршување на одлуките,предвиден со  чл.91 од Актот.За разлика од претходниот Деловник, кој упатуваше исклучиво на следење на извршувањето на одлуките, со новиот Акт Уставниот суд добива проактивна улога и има можност формално да реагира, доколку неговата одлука не е извршена, се вели во писмената изјава на адвокатот Филип Медарски.

Ова не е прва позитивна одлука на Уставниот суд за новинарите кои беа загрозени и нападнати во Собранието на 27-ми април бидејќи првостепенитеи второстепените судови ги отфрлаа тужбите за крвавиот четврток кога државата требаше, ама не ги заштити известувачите за насилниот упад во Парламентот.

Миомир Серафиновиќ

Б.С.

Jumbo 2