Ако Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на денешната седница донесе одлука со која ќе се намалат платите на вработените во оваа институција, како што тоа го бара Владата и Министерство за финансии, Синдикалната организација на ФЗО ќе ја активира одлуката за штрајк.
Членовите на Управниот одбор и директорите на ФЗО да не ги доведат граѓаните во ситуација во која нема да можат да остварат ниту едно право од здравствено осигурување, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ.
Тие во преговори со раководството на ФЗО и Управниот одбор минатата година постигна договор за покачување на платите на вработените во ФЗО во висина од 15 проценти во неколку фази.
Посочуваат дека просечната бруто плата по вработен во оваа институција е пониска од сите сродни институции, министерствата и администрацијата, а објаснувањата дека не постојат средства за исплата на платите, според нив се нелогични.













