Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на Европската Унија да го забрзаат процесот на проширување кон Западен Балкан, предупредувајќи дека бавниот напредок го загрозува кредибилитетот и влијанието на Унијата во регионот.
Тој оцени дека ЕУ не ги исполнила целосно ветувањата дадени на Самитот во Солун во 2003 година и предупредува на зголемено влијание на други сили, особено Русија и Кина, додека австриската министерка Беате Мајнл-Рајзингер повика на побрзи и помалку бирократски процеси.
Црна Гора, домаќин на состанокот, е меѓу земјите од регионот што најмногу напредувале во пристапните преговори, со затворени 18 од 33 поглавја.
Црногорскиот министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ порача дека земјата спровела бројни реформи и дека граѓаните очекуваат конкретни придобивки од европската интеграција.













