Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Училиштето во Долни Балван пред затворање – учениците од 1 септември на настава во Таринци, родителите стравуваат за нивната безбедност

/

Македонија

Сподели преку :

Родители на ученици од прво до петто одделение од карбинското село Долни Балван доцна попладнево присуствуваа на седница на Совет на Општината. Причината, како што велат, е затворањето на подрачното училиште во нивното село.

Оптимизацијата предвидува 13 деца од ова село од 1 септември да следат настава во соседното село Таринци. Стравуваат за безбедноста на нивните деца.

Од друга страна, градоначалникот Виктор Паунов негира дека на денешната седница на Советот е ставена точка за затворање на училиштето, но вели дека причините за оптимизацијата се лошите услови во училиштето кое дел е реконструирано, како и недозволувањето на законот за формирање на комбинирана паралелка со овој број на ученици.

Во општина Карбинци ќе бидат оптимизирани вкупно шест паралелки во четири населени места.

В.Ј.

Jumbo 2