Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсена е директорката на „Комуналец“ Асани и уште двајца други раководители за епидемијата во Гостивар

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата ја уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, потврдија за Телма извори од истрагата.

Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини, и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши.

Делата за кои се гонат се “Загадување вода за пиење” по член 219 од Кривичниот законик, поради сомнежи дека за да се зголеми притисокот во мрежата директно со пумпи се земала непрочистена вода.

Со членот 219 предвидени се и затворски казни за загадувачот, доколку истрагата го докаже кривичното дело.

Загадување вода за пиење
Член 219

(1) Тој што со некоја штетна материја ќе ја направи неупотреблива водата за пиење во извори, бунари, цистерни или резервоари или некоја друга вода за пиење, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако поради делото од став 1 дошло до појава на епидемија на заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една година до пет години.

(3) Ако делото од став 1 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

(4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост.

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани вели дека „меѓу… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2