Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца уапсени на Клиниката за онкологија во истрагата за препродажба на цитостатици

/

Македонија

Сподели преку :

Според потврдени информации, на Клиниката на онкологија по претресите, уапсени се три лица меѓу кои и поранешниот директор на Клинката Нино Васев.

На клиниката се уапсени едно медицинско лице и едно лице вработено во техничката служба на клиниката. Од клиниката брифираат дека најмалку уште една вработена утрово не дошла на работа и не била достапна.

По приведувањето, тројцата осомничени се однесени од клиниката која е полна со пациенти. Раководството на клиниката соопшти дека состојбата е нормална и таа работи со полн капацитет. Се вршат прегледи и се аплицираат и издаваат терапии на онколошките пациенти.

-Сите амбуланти работат, ниту еден пациент нема да биде оставен. Сите работиме и планираме, клиниката работи со полн капацитет-изјави Виолета Клисарова, директорка на Клиниката на Онкологија, која потврди дека три лица се уапсени и однесени од клиниката.

Економскиот директор рече дека полицијата и обвинителството не барале докази туку имале само налози за приведување.

-Денеска со налог беа дојдени со наименично наведени лица за приведување. Да, уапсени се поранешниот директор и уште две лица, рече економскиот директор на Клиниката за онкологија.

Приведен поранешниот директор на Онкологија Нино Васев

Телма дознава дека меѓу неколкумината приведени е и поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев. Се вршат претреси кај осум лица опфатени со истрагата за случајот „Онкологија“ по наредба на јавното обвинителство, потврдија за Телма извори од ОЈО. Полициски екипи вршат претреси како на Клиниката за Онкологија во Скопје, така и на други локации, на лица… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2