Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина, осудени се на затворски казни

/

Македонија

Сподели преку :

Тројца службеници, кои беа обвинети за фалсификувани возачки дозволи, признале вина, по што се осудени на затворски казни.

Предметот се води против шест обвинети, од кои тројца се недостапни. На последното одржано рочиште тројцата присутни обвинети ја признале вината.Првообвинетата е осудена на две години и шест месеци затвор, а второобвинетиот и третообвинетиот на по една година и три месеци затвор, информираа денеска на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје.

Инаку вработената во МВР во 2021 година била остранета од работното место по поднесената кривична пријава која се однесувала на злоупотреби во постапките за издавање лични документи. На 15 јануари лани била вратена на работа врз основа на судска пресуда.

Пред десетина дена беше спроведена истрага за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Акција следуваше по истрагата што Внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси.

Продолжен притворот за осомничените за фалсификуваните возачки дозволи

Продолжен е притворот за осомничените за фалсификуваните возачки дозволи, откако беше поднесено обвинението за случајот. Вработената во МВР и уште двајца остануваат зад решетки, а за други тројца недостапни за органите на прогон е определен притвор во отсуство. Вработената во МВР како помлад советник во период од шест години во повеќе наврати ги користела своите… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

 

Jumbo 2