Трагично заврши потрагата по младиот Миле Тодоров од Неготино. Тажната вест ја објави неговата сестра Марија на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Летај со ангелите, мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка. Болката е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој“, напиша сестрата на Миле.
Погребот ќе се изврши утре од 12 часот на градските гробишта во Неготино. Миле беше пријавен за исчезнат во јануари годинава. Детали за причините и околностите околу смртта не се соопштени.

Осум дена ни трага ни глас од Миле Тодоров кој пред осум дена беше пријавен од семејството како исчезнат. Дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино, по што му се губи трагата. Бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек. Последен пат бил забележан на 30 јануари во… Продолжи со читање
Т.Д.













