Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, се огласи на фејсбук коментирајќи го видеото на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери во СВР Тетово на повисок тон им се обраќа на вработените во една од канцелариите.
Тошковски истакна дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност.
-Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е недозволиво, несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот за време на извршување на работни задачи, токму како припадник на министерството за внатрешни работи. – истакна техничкиот министер за внатрешни работи.

Синдикатот на полицијата апелира да не се злоупотребуваат полициските службеници за предизборна кампања, додека стручњаците велат со вакви потези на политичарите тие сакаат да демонстрираат посветеност кон граѓаните за да соберат политички поени. По ненајавената посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово, од синдикатот велат дека никој не му брани да влегува во… Продолжи со читање
Тошковски смета дека техничкиот премиер должи извинување за ваквото однесување, и дека во иднина треба да се воздржи од вакви постапки.














