Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон, се вели во редовниот неделен извештај од цементарницата.
- Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
Од компанијата велат дека производството запира доколку филтрите не работат, односно дека технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

Откако советот на Град Скопје едногласно ја поддржа дислокацијата на фабриката Усје. Oд иницијативата Зелен Хуман пишуваат дека првпат во историјата на Скопје политичките групи застанаа рабо до рамо со граѓаните за да се реши голем пробле. -Прв пат во историјата на Скопје успеавме да ги обединиме сите политички групи во Советот да застанат рамо… Продолжи со читање
ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот, а паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
- Потсетуваат дека работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа. Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима, велат од цементарница. Објаснуваат дека поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

Владата нема проблем да се дислоцира Усје доколку за тоа има вистински параметри и се докаже дека е еден од главните загадувачи на градот вели денеска премиерот Христијан Мицкоски. Рече дека ќе почека прво да пристигне а потоа и да ја разгледа изгласаната иницијатива. Б.С. Продолжи со читање
Б.С.













