Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тимови на Дирекцијата за заштита и спасување трагаат по исчезнато лице во Вардар

/

Македонија

Сподели преку :

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира тимови на терен за пронаоѓање на исчезнато лице, за кое постојат индиции дека е видено кај реката Вардар на подрачје на Гостивар, по официјално барање на Полициската станица (ПС) Гостивар. Во акцијата за пребарување и спасување се вклучени конкретно припадници на Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води на ДЗС.
Екипите, заедно со заменикот-директорот работат во тесна координација со полициските службеници од ОВР Гостивар и локалните служби, со цел што побрзо лоцирање на лицето.
Пребарувањето се одвива интензивно по текот на реката Вардар, почнувајќи од критичните точки во градот па сè до низводните подрачја.
ДЗС апелира до граѓаните на Гостивар и околните населени места, доколку располагаат со какви било информации поврзани со исчезнатото лице или забележат нешто долж речното корито, веднаш да пријават на дежурните броеви во полицијата или до надлежните служби за заштита и спасување, а и на 112 на ЦУК.
Jumbo 2