Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетовец е осомничен за силување на дете кое не наполнило 15 години – по објавено видео на социјални мрежи сам се предал

/

Македонија

Сподели преку :

62-годишен жител на тетовско е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Според информациите од полицијата, синоќа во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, Р.Н. (62) сам се пријавил во Полициската станица Тетово.

По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело согласно член 188 од Кривичниот законик.

Р.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Полицијата, во координација со надлежното обвинителство, работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

 

 

Jumbo 2