Македонија барала од три држави, екстрадиција на бегалецот Перпарим Бајрами, а иако полициските служби имале информации дека можеби се крие во уште една европска држава, четврта по ред, никогаш таа информација не била потврдена и барано испорачување на поранешниот директор на Лотарија.
Две држави од кои е барана ектсрадиција се соседни држави на Македонија, а третата е на Блискиот Исток. Од истите држави на исти датуми е барано испорачување и на Артан Груби, обвинет во истиот случај со Бајрами.
Полицијата ги известувала надлежните во Министерството за правда за можни сознанија каде се наоѓа Перпарим Бајрами по што е упатено барање екстрадиција од Косово, Албанија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) односно Дубаи.
ОДГОВОР ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА:
- На 19.12.2024 година примено е известување од МВР – СМПС дека „според можни сознанија поседуваме информација дека лицето Перпарим Бајрами е во Косово. На 20.12.2024 година направено е барање за екстрадиција за Перпарим Бајрами за Косово.
- На 27.02.2025 година примено е известување од МВР-СМПС дека Перпарим Бајрами во моментов се наоѓа во Албанија. На 12.03.2025 година направено е барање за екстрадиција за Перпарим Бајрами за Албанија
- На 30.10.2025 година примено е известување од МВР-СМПС дека „според можни сознанија поседуваме информација дека лицето престојува во Обединетите Арапски Емирати“ На 26.01.2026 година направено е барање за екстрадиција за Перпарим Бајрами за ОАР.
Од Министерството за правда одговорија и дека „сите известувања за тоа каде се наоѓаат лицата се примени од МВР-СМПС и по секое известување е постапено.“
За секое известување Министерството за правда барало и примиле списи од скопското обвинителство преку државното обвинителство (ЈОРСМ) и веднаш откако се примени за секоја држава направено е и пратено барање за екстрадиција за Бајрами.
Слично сценарио со три барани екстрадиции беше применето и за Артан Груби кој исто така пеш преку Косово се врати во Македонија по бегство од правдата. Груби се појави на границата кај Блаце во средина на февруари 2026-та.
Миомир Серафиновиќ

Перпарим Бајрами, екс директорот на Државна Лотарија утрово сам се предал на граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница. Бајрами беше во бегство од декември 2024-та и по 21 месец се врати на ист начин како Артан Груби, со кого заедно се обвинети за злоупотреба со набавка на опрема и ВЛТ апарати за Државна Лотарија во… Продолжи со читање













