Родителитен а судијата Ѓоко Ристов и родителите на неговата сопруга се договориле да им дадат по 70 илијади евра за стан. Ова денеска го сведочеше таткото на сопругата на Ристов додавајќи дека парите кои ги дале биле во апоени од 200 и 500 евра исти како што беа пронајдени во ѕидот од куќата на родителите на Ристов. Вештакот пак кој ги вештачел парите и ливчињата во кои биле спакувани потврди дека ракописот на ливчињата бил на мајката на ристов. Ова не е спорно за обвинителството но од таму потсетија дека на банкнотите пронајдени во ѕидот имало днк траги токму од судијата.
Инаку на 17 април обвинителството при претресот на домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов во Неготино, пронајде 350.000 евра за чие потекло тој немал доказ и не ги пријавил. Парите биле во 13 пакувања, во апоени од по 500 евра и 200 евра, од кои на дел од пакувањата имало рачно напишани износи. Претходно родителите на судијата сведочеа дека тие ги заработиле 350 илјади евра со земјоделие, а ги штеделе цели 50 години, а секое евро го ставиле со нивни раце во ѕид.
Тонски Искра Хаџи Василева – обвинител
Ристов се гони за прикривање имот и перење пари.Иако одбраната го најавувааше како сведок контроверзниот бизнисмен Љупчо Пецов – Ѓаволот, чија сестра тврдеше дека токму тој давал пари за да го поткупи судијата Ристов, преку адвокатот Фехми Стафа кој исто така е осуден, денеска рече дека има неуспешна потрагата по него.
Билјана Николовска













