Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

/

Македонија

Сподели преку :

Стевчo Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, објави политичкото движење ГРОМ, кое го предводи поранешниот градоначалник на Карпош.

Од Партијата велат дека Јакимовски доброволно заминал на отслужување на затворската казна во затворот „Скопје“ во Шутка. Тие обвинија дека Кривичниот суд донел неправдена и политички мотивирана пресуда тврдејќи дека Јакимовски е осуден за поставување две времени градби кои 13 години ѝ служеле на Општина Карпош и придонеле за значителни заштеди.

Во соопштението ттие упатуваат критики кон Кривичниот суд и правосудниот систем, обвинувајќи ги за селективна правда и политички притисок. Од партијата ГРОМ исто така посочуваат и дека не била земена предвид здравствената состојба на Јакимовски, наведувајќи дека тој е онколошки пациент и неодамна бил опериран.

Од Затворот Шутка за Телма потврдија дека Јакимовски пред малку сам се пријавил на отслужување на казната.

Јакимовски со потврдена казна од една година затвор, дел од предметот се враќа на повторно судење

Една година затвор потврдена, поништена пресудата за три години затвор, но поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски повторно ќе седне на обвинителната клупа во скопскиот суд за злоупотреба на службена положба, за три дела од еден судски процес скопскиот Аплелационен суд донесе одлука. Во делот за обвинение за бесправно градење кој се однесува на зградата… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2