Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите реагираат по запалениот бојлер во старите бараки на „Стив Наумов“: Поголема контрола за побезбедно домување

/

Македонија

Сподели преку :

Откако синоќа по полноќ во старите бараки на студентскиот дом „Стив Наумов“ се запали бојлер и се евакуираа студeнтите,  денеска Александар Николовски, од студентската организација „Студентарија“ за Телма вели дека вакви несреќи не смее да се дозволи понатаму да се случуваат.

Од организацијата апелираат до надлежните навреме да се утврди причината за експлозија на бојлерот и навреме да се санираат сите дефекти за животот на студентите да не биде доведен во опасност.

Ги потсетуваат исто така и дека постојано даваат предлози да се подобрат условите за домување на студентите.

 

 

Jumbo 2