Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стоматолог пријавен за сексуално вознемирување на 23-годишна пациентка во Тетово

/

Македонија

Сподели преку :

Сексуално вознемирување од стоматолог во Тетово пријавила дваесет и тригодишна жена која била на медицинска интервенција во приватна ординација во градот.

Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот ја вознемирувал.

Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Жената навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина.

Настанот бил пријавен на 18 септември во 22:40 часот во СВР Тетово.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот

Jumbo 2