Сериозни пропусти на градилиштата во општина Центар – утврдиле инспекциските служби на општината кои изминатата недела извршиле надзор на 10 активни градилишта.

„За време на теренските контроли извршени во доцните попладневни часови констатирани се нарушувања на комуналниот ред и непочитување на Законот за јавна чистота, пришто изречени се 6 казни во висина од по 1.300 евра.
Дополнително, на три локации се отстранети блокатори и столбчиња кои биле бесправно поставени на јавни површини“, соопштија од општината.

Општина Центар апелира до сите инвеститори и градежни компании да ги почитуваат законските обврски и да преземат мерки за заштита на околината, особено при изведување градежни работи во зони со индивидуално домување.

Градоначалникот на општината Горан Герасимовски најави и вонредни контроли за заштита на животната средина, спречување на загадувањето и за безбедни тротоари и улици.













