Во вечерашната емисија ВИН ВИН Оливера Трајковска, дебатира со универзитетскиот професор Александар Спасеновски и извршен директор на Институтот „Преспа“, Андреј Стојковски околу денешната средба на македонскиот шеф на дипломатијата Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова во Софија.
- Воздржаноста не доаѓа од внатрешната состојба на Бугарија и предизборието, туку Софија се наоѓа во многу покомотна позиција од нас ние треба нешто да испорачаме ако сакаме да продолжиме понатаму. Секогаш повторуваат дека „топката е кај нас“. Ние тоа мораме да го сториме ако сакаме да ја промени состојбата и да ги промениме односите. Внесувањето на нови моменти и нови теми нема воопшто да ни помогне. Од друга страна ние сме многу комотни, барем македонската влада, бидејќи постојано изминатите години сме го користеле застојот на процесот за да уживаме и за да не мораме да се грижиме воопшто ниту за реформските чекори, ниту за усогласувањето со европското законодавство. Секогаш со истото образложение „ние можеме да направиме се, а ама потоа ќе не блокираат“. Така што целата приказна одговара и во Софија и во Скопје, дециден беше Андреј Стојковски.













