Капиталните инвестиции ќе се реализираат во рекорден износ, порача Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во Топ тема на Телма ТВ. Темата дека фалат средства во буџетот и за апокалиптични сценарија дека нешто ќе се распаднело, дека ќе нема пари за плати и за пензии, тој рече дека граѓаните треба да ја третираат на ист начин како темата со мигрантите, соодветно така ќе заврши.
„Набавката на возила во министерството за животна средина е поврзана исклучиво со набавка на возила за проекти. Така стои ставката во буџетот. Така можеби стоеше и ставката за министерството за здравство и набавивме 100 нови амбулантни возила, 49 нови возила за „Комунална хигиена“ во Скопје, 100 возила за полицајците, 100 возила за пошта, доаѓаат уште 150 автобуси. Исто така се преговара за нови 150 возила за полициските сили на оваа држава, затоа што тоа е она што треба да претставува национална гордост и тоа ние со задоволство го правиме“, рече Стојановски.
Стојановски најави набавка на нови возила и за Армијата и за другите институции кои се неопходно потребни. За кратењата во буџетот, односно за ребалансот, тој посочи дека постои нова програма АА инфраструктурни проекти и според него, таму се средствата за реализација на капиталните проекти.
С.Д.













