Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стојан Чифлигароски обвинет за милионски тендери од Рек Битола, по 3 години бегство е уапсен на влез во државата

/

Македонија

Сподели преку :

Стојан Чифлигароски, обвинет во „Синџир“ е уапсен на граничниот премин „Свети Наум“. Бизнисменот кој добиваше милионски тендери од РЕК Битола пред два дена е лишен од слобода на влезот во државата од Албанија.

Чифлигароски се гонеше како еден од организаторите на злосторничкото здружување во случајот, а беше во бегство три години.

  • МВР: „На 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола. Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.“

Полициската акција „Синџир“,беше спроведена на 30 октомври 2023 година, а од тогаш Чифлигароски не беше достапен на органите на прогон. Директорите на неговите фирми добија по две години затвор, откако признаа вина во случајот  за даночно затајување и перење пари. Директорот на битолската фирма СВ-Инвест Јове Ѓоргиевски доби две години затвор, а сопственикот и директор на фирмата Новоматрикс Александар Наумов доби 1 година и 11 месеци.

Според истражувањето на КОД, фирмата СВ-Инвест од Битола во сопственост на бизнисменот Стојан Чифлигароски од 2018 до 2020 година добива тендери од РЕК Битола од 5,7 милиони евра, од кои дел во постапка со преговарање, или популарно наречено „со договор во четири очи“.

Од февруари 2019 до март 2020, директор на фирмата е Александар Наумов, а потоа директор станува Јове Ѓоргиевски. По СВ-Инвест, слични тендери од РЕК Битола почнува да добива фирмата Новоматрикс од Битола во сопственост на Наумов и за една година добива 3,4 милиони евра.

Во случајот Синџир првично беа обвинети 22 сопственици и директори на 19 фирми, кои со меѓусебно издавање на фактури за фиктивни стоки и услуги за помалку да платат или да не платат ДДВ, од почетокот на 2019 до крајот на 2021 година, го оштетиле буџетот за 8 милиони евра.

 

Тендерџијата Чифлигароски во бегство, неговите директори добија по две години затвор

Директорите во фирмите на Стојан Чифлигароски, кои добиваа милионски тендери од РЕК Битола во изминатите години, добија по две години затвор, откако признаа вина во случајот Синџир за даночно затајување и перење пари. Чифлигароски, кој се сомничи дека е еден од организаторите на злосторничкото здружување, е во бегство. Директорот на битолската фирма СВ-Инвест Јове Ѓоргиевски… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2