Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стефаноски: Ние сме во константна политичка кампања, квантумот на неутрални гласачи се зголемува

/

Македонија

Сподели преку :

Ние сме еден своевиден супер македонски феномен во делот на кампањи, јас не се сеќавам дека во медиумскиот простор имало некаква пауза во делот на политички кампањи во секаква смисла, рече политикологот Милан Стефаноски во вечерашната дебата во „Топ тема“ во пресрет на распишувањето на претседателските и парламентарни избори и почетокот на политичките партии во „ловење“ на гласови од електоратот.

„Мислам дека сме во константна политичка кампања. Некогаш има ескалација, некогаш има деескалација, но ние, генерално, секогаш сме во предизборие, а граѓаните во своевидна тензија. Тоа го покажуваат многу анкети и тоа на крајот дистрибуира гласачко тело такво какво што е, односно станува збор за гласачи кои не се заинтересирани да гласаат. Квантумот на неутрални гласачи се зголемува“, смета Стефаноски.

Jumbo 2