Четврта шанса за продажба на трите луксузни апартмани на Водно конфискувани од експремиерот Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. По првиот неуспешен оглас лани и вториот годинава на кои никој не се пријавил да се наддава за овие станови во Панорама Ресиденс конфискувани во предметот „Плацеви на Водно“, Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги огласува. Диркторката на Агенцијата, Ирена Илиевска за Телма објаснува дека по втор пат ке се се продаваат по почетна цена намалена за 1 /4 во споредба со проценетата.
Два од становите се по 200 квадрати и тераси од нешто помалку од 50 квадрати кои првично биле проценети околу 850 илјади евра сега се продаваат со почетна сума од 635 илјади или околу 2500 евра по по квадрат. Апартманот пак од 155 м2 и тераса од 95 м2 од околу 760 илајди евра падна на почетна продажна цена од 570 ијади евра (околу 2270 евра по квадрат ).
„ Огласот е објавен од 5.10 и ќе трае до 19.10 и односно 15 дена. Електронското наддавање е закажано на 21.10. 2026, а разгледувањето на становите на 13.10.2026. Иако локацијата е атрактивна, тие се само во различни влезови, меѓутоа претпоставувам дека квадратурата е огромна и помножена по цената е висока сумата на пари која треба да се исплати а тоа е почетна цена на електронското наддавање така што што нема заинтересирани купувачи“, рече Ирена Илиевска, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.
Според Илиевска за две години имало две проценки на имотот и ова е четврти обид да се продаде. Во мегувреме овие станови се дополнителен трошок за Агенцијата.
Со пресудата на Апелацискиот суд Скопје за „Плацови на Водно“ и затворската казна на Груевски беше зголемена од 7 на 9 години а на ексдиректорот на УБК.
Елена Ивановска













