28-годишниот турист кој се повреди при пад од тобоган во Кушадаси е стабилен и надвор од животна опасност. По операцијата во Турција, вчера со владин авион беше транспортиран во Македонија.
Пациентот е хоспитализиран на скопскиот Клинички центар, каде денеска започнал со физикална терапија. При несреќата тој се здобил со скршен пршлен.













