Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советник на АA во Шуто Оризари меѓу уапсените во Грчец – седум лица лишени од слобода, за останатите потерница

/

Македонија

Сподели преку :

Претседателот на огранокот на Алијанса на Албанците и советник на партијата во Општина Шуто Оризари, Севдаир Азири е меѓу шест уапсени лица, членови на организирана криминална група, во денешната голема полициска акција во село Грчец и на 20 други локации низ Скопје.

Едно лице претходно е приведено во Шпанија, а останатите подолг период престојуваат надвор од државата и против нив ќе биде распишана потерница, со цел нивно лишување од слобода, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Групата, како што објави Спасовски, имала конекции во земјите од Јужна Америка и посредувала при трансфер на дрога во Европа, а дел од неа требал да заврши и на македонскиот пазар. Освен со трговија со дрога, групата се поврзува и со убиства на лица чии тела, како што соопшти Спасовски, биле пронајдени во 2020 година, односно 2021 година.

Jumbo 2