Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Состојбата на четиригодишното девојче од Струмица е стабилна – случајот ја отвори дилемата колку се функционални социјалните служби

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ќе ги чека резултатите од истрагата на основното јавно обвинителство од Струмица за натамошно делување во врска со случајот за тешко повреденото четиригодишно девојче од Струмица. Засега децата се кај дедото, а ќе бидат сместени во згрижувачко семејство дури тимови од ЦСР работат на зајакнување на родителските капацитети на мајката. Министерката Тренчовска денеска од Струмица рече дека ова семејство нема никакви лични документи.

Во меѓувреме, четиригодишното девојче се лекува на Детската клиника од каде потврдуваат дека состојбата ѝ се подобрува.

Девојчето на 17 јануари најпрво е однесено во струмичката општа болница, но веднаш е префрлено на скопските клиники, поради инфицирани рани и фрактури на ребрата. Во моментов јавното обвинителство во Струмица води истрага за случајот.

Сузана Мицева

Jumbo 2