53-годишник од гостиварско село Неготино убил жена на иста возраст, а полицијата го расчисти убиството со помош на снимки од видео надзор како и признание од страна на сопругата на осомничениот убиец.
Убиената 53-годишна жена е од селото Равен, која од 7 декември не се јавувала на семејството, по што нејзиниот син пријавил дека е исчезната.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Поради сомнежи дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, јавниот обвинител нареди обдукција, идентификација и прибирање траги од местото. Во текот на ноќта беа преземени… Продолжи со читање
Синот потоа во полиција пријавил дека има снимки од видео надзор, на кои се гледа дека ноќта меѓу 6 и 7 декември во нивниот дом сега веќе осомничениот убиец пребарувал низ собите.
Полицијата потоа открила дека тој човек е осомничениот 53-годишник со иницијали С.М.
На посоченото место е извршен увид, по што е најдено телото кое по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција.
Б.С.













