Собранието ги донесе измените на Законот за административни службеници, со кои собраниската служба станува целосно независна. Мнозинството ова го претстави како конечно исполнување на 35-годишно барање на овие службеници, на што реагираше опозицијата.
Обвинија дека им честитаат по вторпат, затоа што законот бил донесен пред шест години, но не е имплементиран поради неусогласеност со Законот за Собрание.
Законот не доби поддршка од СДСМ, затоа што сметаат дека, одредбите за преместување, оценување и дисциплинска одговорност на административните службеници можат да отворат простор за злоупотреби и политичко влијание врз вработените.
Законот предвидува, на службеник што две години последователно ќе добие оценка „1 – не задоволува“ да му престане работниот однос по сила на закон.













